Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: ПСЖ на колена пред Ленс, се врати публиката, се врати и атмосферата

Актуелниот француски првак ПСЖ новата сезона ја отвори со пораз. Згубија на гостувањето кај Ленс со 1:0 со голот на Ганаго во 57-та минута по грешката на голманот на гостите. Можеби овој пораз е очекуван, бидејќи дури седум фудбалери на ПСЖ се во карантин поради позитивни тестови на Ковид-19. Ги немаше Мбапе, Икарди, Нејмар, Ди Марија, Навас, Паредес и Маркињос. Сите се првотимци и носители на играта на францускиот тим.

Вреди да се напомене дека публиката на стадионите се врати. Иако редуциран број, со маски и разни протоколи, сепак фудбалските мечеви сега се поинакви од пред неколку месеци, бидејќи се врати и атмосферата.