Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: ПСЖ прв финалист во францускиот Лига куп

Екипата на Пари Сен Жермен избори финале во фудбалскиот Лига куп на Франција, откако синоќа го победи Рен на негов терен со 3:2.

https://www.youtube.com/watch?v=3BWwBNCXXFQ

Натпреварот ќе биде запаметен по користење на ВАР технологијата за помош на судиите дури четири пати при што беа поништени по два гола на двете екипи.

Ривал на парижаните во битката за трофејот на 31 март ќе биде подобриот од пресметката меѓу Монпеље и Монако.