Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пуштањето на гол од пенал на легендата, ќе му биде последно нешто во Борусија Дортмунд

Веројатно сите се сеќавате кога во последното коло голманот на Борусија Дортмунд Роман Бурки (30) му пушти гол од пенал на легендарниот фудбалер Свен Бендер, кој на мечот Борусија – Баер Леверкузен го одигра последниот натпревар во кариерата. На тој начин Бурки сакаше да му одаде почит, па воопшто не се обиде да го брани пеналот. Бендер на тој меч во игра влезе во 89-та минута при резултат 3:0 за Борусија. Судијата досуди пенал, а Бурки одлучи да му пушти на Бендер да погоди.

Како и да е тоа е последното нешто што голманот го направил во дресот на Борусија Дортмунд. Како што пишуваат германските медиуми, раководството на Дортмунд сака да го продаде, а веќе се знае и неговиот следен клуб. Тоа ќе биде француски Монако.