Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ракитиќ во последен час избегна удар во главата со пивско шише

Севиља синоќа одигра нерешено во второто коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Волфсбург, беше 1:1.

По првите 45 минути немаше голови, па на почетокот на вториот гол Стефен му донесе предност на домашниот тим.

„Волците“ останаа со играч помалку на теренот во 85. минута откако Гилавогои направи прекршок во казнениот простор. Судијата покажа на 11 метри, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Иван Ракитиќ, кој го спаси својот тим од пораз.

Херојот на Андалузија доживеа една невкусна шега за време на едно интервју. Имено, додека даваше изјава, кон него полета пивско шише, што успеа да го избегне со чиста среќа и добра реакција.

Ако не, последиците секако би можеле да бидат големи бидејќи се работи за стаклена амбалажа.

Авторот на оваа невкусна шега е еден од неговите соиграчи, а Ракитиќ со насмевка го дочека неговиот потег, но не сме сигурни дека еден Златан Ибрахимовиќ или Диего Коста би реагирале така.

„Емоциите од теренот се идентични со оние на трибините, ништо не се случи“, рече поранешниот хрватски репрезентативец и додаде:

„Можеби поентата не звучи толку добро, но ние постигнавме задоцнет гол, така што не е лошо, сакавме да победиме еден тежок противник, но не успеавме. Генерално, горд сум и среќен со пристапот на овој тим. Мораме самоуверено да продолжиме понатаму“.

„Само среќата го спаси од лудаците. Шише пиво удри на билборд над неговата глава“, пишува шпанскиот весник Ел Десмарке.