Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рамос „а ла“ Роналдо – Реал Мадрид триумфално во Памплона

Реал Мадрид триумфираше на гостувањето кај Осасуна со 1-4, Иско го постигна првиот гол во Ла Лига по десет месеци, Лука Јовиќ пак погоди по три месеци.

Гарсија погоди за Осасуна во 14. минута за предност од 1-0, но до крајот на првите 45 минути Иско и Рамос стрелаа за пресврт и водство од 2-1.

Во продолжение од мечот во листата на стрелци се запишаа и Васкез и Јовиќ, кои ги поставија конечните 4-1.

Реал Мадрид во моментов е прв на табелата со 52 бодови, односно шест повеќе од второпласираната Барселона, која има одиграно еден меч помалку.