Фудбал
ВИДЕО: Рамос во фантастична голгетерска форма, два гола во дресот на репрезентацијата
Дефанзивецот на Реал Мадрид навистина игра фантастично во последно време. На неговата форма можат да позавидат и некои напаѓачи. Вечерва против Украина Рамос постигна два гола, во 3-та и 29-та минута, за водство, а неговата репрезентација води против Украина со 3:0 по првите 45 минути.
Колку за илустрација на последните 12 меча во дресот на Реал Мадрид и Шпанија постигна осум голови, што секако е статистика за чудење кога станува збор за дефанзивен играч.
Доколку се смета вечерашниот меч, Серхио Рамос во дресот на Шпанија играл 171 натпревар и постигнал 23 голови.