Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рамос застана пред легендата и со многу почит “му симна капа”

Реал Мадрид во натпреварот за Трофејот “Сантијаго Бернабеу” го победи Милан со 3:1.

Милан одигра добар натпревар и видовме деби на Игуаин, но Реал со головите на Бензема, Бејл и Мајорал обезбеди победа на крајот.

Победничкиот трофеј беше предаден на Паоло Малдини, а по предавањето на трофејот на Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид покажа колку го почитува Малдини, па дури и “му симна капа” на легенда.

Малдини со години беше еден од најдобрите централни бекови во Европа, па разбирливо е дека Рамос го почитува, а веројатно и еден од неговите идоли во неговата кариера.

Откако целата своја кариера ја помина во Милан, не е ни чудо што Малдини толку многу го сакаат низ целиот светот.