Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рапсодија, седум гола и пресврти… луд натпреват меѓу Леверкузен и Дортмунд

Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд ја заокружија саботната програма во Бундеслигата со спектакуларен дерби натпревар, на кој видовме еврогол на Емре Џан, два пресврти и дури седум голови на „Бај Арена“.

Мини дербито во 23 коло од германската „Бундеслига“ беше одбележано со дури седум погодоци, меѓутоа на крајот трите бода ги освоија домаќините. Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа фантастичен меч за сите големи љубители на фудбалот.

Четири гола паднаа во првото полувреме, додека три пристигнаа во второто. Фантастичен беше пресвртот на Леверкузен кој даде два гола за една минута и запиша важни три бода во германската елита.