Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ристовски го стави својот потпис, но и со прво интервју во новиот дрес

Стефан Ристовски и официјално стана нов играч на Динамо Загреб, каде ќе биде соиграч со репрезентативниот колега Аријан Адеми. Ристовски по неколку години повторно се враќа во првенството на Хрватска каде играше за Ријека.

Ристовски, кој 3, 5 години играше во Спортинг Лисабон, потпиша повеќегодишен договор со Динамо Загреб, но сепак деталите не се објавени.

Според медиумите, неговиот трансфер чинел 1 милион евра, со дополнителни 500 илјади низ бонуси, се разбира во зависност од неговиот и учинокот на тимот.