Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Се појави снимка од претепаниот НБА кошаркар

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Стерлинг Браун беше брутално претепан пред неколку дена во Мајами.

Браун се забавуваше со остатокот од тимот во еден стриптиз клуб, но работите тргнаа лошо и по забавата 26-годишниот кошаркар беше претепан.

Кошаркарот на Рокетс беше нападнат на 19 април откако влезе во погрешен автомобил откако го напушти клубот. Луѓето внатре физички го нападнале, а еден од нив наводно го удрил со шише во главата.

Репортерот на „Фокс Њуз“, Енди Слејтер, објави видео на кое се гледа Браун веднаш по конфликтот, придружуван од соиграчот Кевин Портер Јуниор.

На снимката јасно се гледа како Браун разговара со полицијата целосно крвав, и неговиот соиграч го прави истото, а полицијата започна внатрешна истрага поради расправијата на нивните службеници со кошаркарите.

Секако е интересно што Браун исто така мораше да се справи со полицијата во 2018 година. Тој беше уапсен откако паркираше автомобил на слободно паркиралиште во место за лица со посебни потреби, а полициските службеници употребија сила за да го уапсат.

По тој повод, тој мораше да легне со лицето надолу на асфалтот, еден од полицајците застана на глуждот, а Браун потоа го тужеше градот Милвоки, тврдејќи дека полицијата употребила непотребна сила против него.

Кошаркарот ја одби спогодбата од 400.000 американски долари што му ја понуди градот, подоцна се согласи да ја земе бројката од 750.000 американски долари и градот јавно да го признае кршењето на неговите права.

Браун сезонава има просек од 8,2 поени и 4,4 скока по натпревар.