Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шампионот на колена! Наполи славеше против Јувентус

Фудбалерите на Наполи забележаа важна победа на домашен терен против Јувентус со 2:0 во последниот натпревар од 21 коло од италијанската Серија А.

Наполи успеа да ја прекине и скрши серијата од три порази со оваа победа, додека Јувентус остана на плус три над Интер и нема сомнение дека нè чека возбудливо продолжение.