Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шкендија му се одмазди на Пелистер за ланското финале и стигна до двојната круна

Во крајно тешки услови се одигра финалето од Купот на Македониј, меѓутоа тоа не му пречеше на Шкендија во походот кон двојната круна. Шампионот на Македонија во финалето од купот го прегази Пелистер со 3:0.

Прво дождот му создаваше големи проблеми на фудбалерите, а потоа стадионот Младост остана без дел од осветлувањето. Стадионот наликуваше на базен од насобраната вода, играчите потешко ја контролираа топката, но Шкендија имаше конкретна цел, а тоа беше двојната круна.

Пелистер не беше достоен ривал, не создаде некои посериозни акции кои би делувале опасно по голот на Шкендија, а за разлика од Пелистер, Шкендија делуваше надмоќно и како да имаше голема желба да го освои Купот на Македонја.

Резултатот го отвори Муслиу, кој со глава ја затресе мрежата на Пелистер и му донесе водство на Шкендија од 1:0 во 20. минута од натпреварот.

 

Во второто полувреме од натпреварот, Ибраими со прекрасен шут во 52. минута ја смести топката во голот на Пелистер и му носи водство на Шкендија од 2:0.

 

Дваесет минути подоцна, односно во 72. минута од натпреварот, Муслиу повторно со глава ја смести топката во голот на Пелистер и ги постави конечните 3:0 на овој натпревар.

 

Шкендија со оваа победа го освои Купот на Македонија, а со тоа ја освои и двојната круна.