Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шкупи како на тренинг го совлада Пелистер

Во заостанатиот натпревар од 26 коло во ПМФЛ, Шкупи без мака го совлада битолски Пелистер.

Можевме да проследиме возбудлив натпреварот кој помина во мирна атмосфера, со многу голови. Домаќинот Шкупи со високи 5:2 ги совлада гостите од Битола.

Головите за Шкупи ги постигнаа Ален Јачаровски во 5. минута, Баже Илијоски во 12, 32, 48. минута и Бунјамин Шабани 78. минута, а за Пелистер головите ги постигнаа Петар Љамчевски во 18. минута и Ристе Маркоски во 67. минута од пенал.

Со овој пораз, Пелистер останува последната 10. позиција на табелата со 31 освоен бод, а Шкупи прави „скок“ од една позиција, и сега се наоѓа на 6. Позиција на табелата со 42 освоени бодови.