Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шмајхел брутално ги „спушти“ Англичаните -Дали тој некогаш бил дома?

Англија денеска на Вембли ќе се сретне со селекцијата на Данска во второто полуфинале на Европското првенство.

Гордиот Албион е прилично фаворит на овој натпревар, но Данците сигурно нема да се предадат лесно и ќе се обидат да ги изненадат Англичаните пред своите навивачи.

Пред овој натпревар зборуваше голманот на данската репрезентација, Каспер Шмајхел, кој ги „спушти“ англиските новинари пред овој натпревар.

Англичаните често ја споменуваат фразата за враќањето на фудбалот дома (It’s coming home), алудирајќи на фактот дека трофејот треба да дојде таму каде што започна фудбалот.

Англиски новинар се обиде да го испровоцира данскиот голман и го праша како има намера да го спречи трофејот да се врати дома.

Каспер имаше подготвен одговор и прилично го „спушти“ нмовинарот.

„Дали тој некогаш бил дома? Не знам дали некогаш сте го освоиле?“

Англија никогаш порано не се квалификувала на финалето на Европското првенство, а ќе видиме дали ќе го сторат тоа вечерва.