Фудбал
ВИДЕО: Шокантна снимка од гаражата на ѕвезда на Арсенал- Крадци упаднале, го ограбиле, но и претепале
Шокантна снимка од гаражата на ѕвездата на Арсенал излезе во јавноста.
Габриел Магалаес бил нападнат од крадци додека го паркирал автомобилот во гаражата. Нападот се случил во август, но видеото дури сега се појави во јавноста.
Бразилскиот фудбалер и неговиот пријател напаѓачите ги следеле до нивниот дом во Барнет, а на видеото се гледа како еден од напаѓачите со капа на главата ги бара клучевите од автомобилот на Габриел.
Станува збор за мерцедес вреден околу 60.000 долари. На снимката се гледа како напаѓачот бара од Габриел мобилен телефон и часовник.
My CB !! pic.twitter.com/qx14Nk3zQ5
— Mason (@maseafc3) November 30, 2021
Габриел го направил тоа што го барале по што напаѓачот го удирал со безбол палка што може да се види и на снимката.
Врз основа на ДНК анализа, полицијата утврдила дека напаѓачот е Абдерахам Музе, кој во меѓувреме е осуден на пет години затвор.
View this post on Instagram
Габриел пристигна во Арсенал во 2020 година од Лил за 27 милиони евра, неговата неделна плата е 50.000 фунти.
Истрагата утврдила дека не бил нападнат затоа што е фудбалска ѕвезда, туку затоа што оставил впечаток на богат и дека вреди да се ограби поради скапите работи што ги поседува.