Фудбал
ВИДЕО: Шпанија фуриозна, ново реми за Германија
Селекцијата на Шпанија одигра фуриозен меч против Украина и славеше со 4:0 во второто коло од новиот циклус на Лигата на нации. Стрелци на головите беа Рамос, кој погоди два пати, младиот Ансу Фати кој со 17 години и 311 дена влезе во историјата како најмлад стрелец во дресот на Шпанија, а точка на мечот стави Феран Торес.
Од истата група Германија го забележа второто реми. Откако на првиот меч одигра 1:1 токму против Шпанија, сега со идентичен резултат го заврши мечот со Швајцарија. Гундоган во 14-та минута донесе преднос на Германците, а израмни Видмер во 58-та.
Резултати, Лига на Нации
Група А
Шпанија – Украина 4:0
Швајцарија – Германија 1:1
Лига Б
Велс – Бугарија 1:0
Ирска – Финска 0:1
Унгарија – Русија 2:3
Србија – Турција 0:0
Лига Ц
Словенија – Молдавија 1:0
Косово – Грција 1:2
Лига Д
Андора – Фарски Острови 0:1
Малта – Латвија 1:1