Фудбал
ВИДЕО: Што му направи Тијаго Силва на Нејмар?!
ПСЖ губеше до 90-та минута со 1:0 од Аталанта, а потоа за три минути направија пресврт и славеа со 2:1 за пласман во полуфинале. Јасно е дека по еден ваков меч и кам-бек владее одлична атмосфера во тимот. Доказ за тоа е шегата која ја направи Тијаго Силва. Народски речено го „извади од памет“ неговиот соиграч Нејмар.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра изненадувањето на сезоната, се разбира покрај Аталанта, тимот на Лајпци и тоа на 18-ти август.