Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Силата на еден гол: Урнебесна прослава на Уругвајските деца за голот против Египет

Победничкиот гол на Уругвај против Египет на Светското првенство ги избезуми учениците од едно основно училиште во Уругвај, а видеото во кое децата го слават погодокот го обиколи целиот свет.

Уругвај во 1. коло од групата А играше против Египет, а до победа стигна со голот на Жозе Хименез во 89. минута. Овој гол, на Уругвај му ги зголеми шансите за пласман во осмина финалето, затоа што до крајот на групната фаза имаат уште два натпревари, со домаќинот Русија и со Саудиска Арабија.

На друштвените мрежи кружи видео во кое се прикажани последните моменти од натпреварот и реакцијата на децата на голот на Уругвај. Во видеото може да се виде моментот кога Хименез го постигнува голот и како сетот тоа го прославуваат.

Претходно беше објавено дека наставата во Уругвајските училишта нема да се одвива за време на натпреварите кога Уругвај има натпревар на Мундијалот.