Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Скандал во Германија, го растури Шалке со три гола, па потоа следуваа навреди-Е*и се црнчуго, убиј се, ќе ти ги скршиме коските

Скандал во германското првенство за играчи до 19 години. Јусуфа Мукоко суперталентот на Борусија Дортмунд беше мета на расистички напад на мечот со Шалке. Имено, тој иако практично е три години помал од своите врсници, има неполни 16 години, постигна хет-трик на мечот и уште еднаш докажа дека се работи за супер талент.

Сепак, од публиката, која може да присуствува во помал број, поради рестрикциите поради Ковид 19, се слушнаа навредни како што се: Е*и се црнчуго, убиј се, ќе ти ги скршиме коските.

По мечот се огласи самиот фудбалер.

-Горд сум што сум роден со оваа боја на кожата, секогаш ќе бидам, порача талентираниот напаѓач.

Се огласи и Шалке, кој се извини за овој скандал, но сигурно ќе следува и казна за овој тим.


Advertisement