Фудбал
ВИДЕО: Скара, Копа Америка и националниот тим – Меси имаше незаборавна прослава на 34-от роденден
Лионел Меси е со аргентинската репрезентација во Бразил каде учествуваат на Копа Америка.
Меси вчера се најде во центарот на вниманието на спортската јавност кога го прослави 34-от роденден и доби голем број честитки од целиот свет.
Нема сомнение дека Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња, но јасно е дека и тој полека се приближува кон крајот на кариерата.
Барселона со нетрпение чека да биде официјализиран неговиот престој бидејќи договорот на Меси со Барселона истекува за шест дена.
Сепак, се чини дека моменталниот приоритет на Меси е да го постигне најдобриот можен резултат со репрезентацијата на Копа Америка, и конечно да успее да го освои трофејот во дресот на Аргентина.
За Меси е важно атмосферата во националниот тим да биде што подобра и вчера тој одлучи да го прослави роденденот со соиграчите.
Организираше скара и дружење за своите соиграчи, а потоа објави видео на Инстаграм и многу од неговите фанови беа воодушевени од тоа како изгледаше скромно сето тоа.
View this post on Instagram
Претходно, соиграчите го изненадија Меси кога влегоа во неговата соба на полноќ за да му донесат торта и да му посакаат среќен роденден.
View this post on Instagram