Фудбал
ВИДЕО: Скопјанец за два дена го пополнил целиот Панини албум, ги залепил сите сликички на фудбалерите на Македонија
Пред само неколку дена мега популарниот албум со сликички Панини пристигна во Македонија. Голем број на македонски граѓани побрзаа да го купат, а со тоа и да лепат сликички. Се разбира оправдано интересот е голем, со оглед на тоа дека за прв пат на Панини албумот ја има и селекцијата на Македонија. Еден скопјанец на неговиот Инстаграмм профил се пофали дека за два дена го пополнил целиот албум, како ги има и сите фудбалери на македонската фудбалска репрезентација.