Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Славија Прага објави шестминутно видео од тортурата во Глазгов-Ова УЕФА мора да го види!

Славија Прага синоќа го шокираше Глазгов Ренџерс на гостински терен славејќи со 2:0 и со тоа се пласираше во четвртфиналето од ЛЕ. Го дозна и противникот, тоа ќе биде Арсенал. Сепак, иако поминаа речиси 24 часа од мечот, овој тим се уште е под импресии од големата победа, каде што имаше и немили сцени.

Освен тоа што голманот Ондреј Колар заработи „дупка“ на челото по страшниот удар од напаѓач на Глазгов, гостите го обвинија домаќинот за расизам. Исто така се жалат дека половина час не можеле да влезат во соблекувалната по завршувањето на мечот, а нападнат бил еден од играчите во тунелот.

Полицијата морача фудбалерите од Прага да ги задржи на стадионот, а потоа да ги испрати до хотелот, за да не се случи поголем инцидент. Од Славија објавија и видео со порака „УЕФА ова мора да го види“. Веројатно новиот првак на Шкотска го чека голема казна.