Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Словенски репрезентативец откри нов детаљ за утакмицата за која зборува цела Европа

Натпреварот помеѓу Германија и Словенија (25:25) во второто коло од Европското првенство во Храватска ја имаше една од нај лудите завршници досега. Ден по натпреварот се отворија низа прашања во медиумите, поготово оние во Словенија. Првите луѓе на репрезентацијата на Словенија најавија тужби и можно повлекување од Европското првенство.

Потсетуваме, Германија во самата завршница на натпреварот по досуден пенал, постигнувал гол, по десет минутното прегледување и анализирање на ВАР технологијата.

Paul Drux 10-тина секунди пред крајот на натпреварот израмни на 24:24 во напад во кој Германија играше без голман. Словенија направи „брз центар“, односно Блаж Јанч постигна гол за 25:24. Иако се чинеше дека овој гол е постигнат во тие 10 секунди, Германците извршија силен притисок на Литванските судии кои по 10. минутно разгледување на снимките одлучија дека сепак на семафорот останало време, а играчот не се наоѓал на потребните три метри оддалеченост од германскиот играч кој сакаше да ја изведе топката од центар.

Таквата опструкција заврши со црвен картон и седмерец, а Tobias Reichmann успешно го изведе седмерецот за конечни 25:25. Ваквото толкување на правилата го „искористи“ еден од најдобрите ракометари на Словенија, Јуре Доленец кој на својот твитер профил објави фотографија на која напиша дека правилата не се исти за сите.

На фотографијата која ја објави ракометарот, се гледа како германскиот репрезентативец исто така не е на пропишаните три метра при изведувањето на топката од центарот. Што според споменатите правила не е дозволено.

-„Дали тоа е Германец во кругот на 11 секунди пред крајот на натпреварот? Аха, јасно ми е, судиите ги гледаат само последните 10 секунди“, напиша Доленец во коментар на фотографијата.

ЈОВИЦА ПАУНОСКИ