Фудбал
ВИДЕО: Спектакуларен меч, 12 голови, пенали, на крај победа на поранешниот европски првак
Вистински спектакуларен меч, неверојатен може да се каже, се одигра во Србија во рамките на второто квалификациско коло од Лига Европа. Актери беа домашниот тим Бачка Топола и романскиот ФЦСБ, или поточно речено поранешна Стеауа, славен романски тим и поранешен европски првак.
Мечот заврши со резултат 6:6, победникот се решаваше на пенали, поуспешни беа гостите. На овој меч домаќините имаа и два црвени картони. Гостите допатуваа во Србија без девет првотимци и без стручниот штаб, поради проблемите со коронавирусот.