Фудбал
ВИДЕО: Срамотна глума на Рибери: Судијата не побара ВАР и досуди непостоечки пенал
Фудбалерите на Баерн синоќа на домашен терен го совладаа Хофенхајм во натпреварот од 1. коло од новата сезона во германската Бундеслига.
„Баварците“ на крајот успееа да дојдат до победа од 3:1 иако гостите до самиот крај на натпреварот имаа резултат од 1:1. Сепак, домашниот тим во последните осум минути од натпреварот успеа да постигна два гола и да дојде до првите три бода во новата сезона во Бундеслигата.
Моментот кој го „пресече“ натпреварот се случи во 82. минута кога главниот судија досуди пенал за Баерн. Рибери тргна во продор, а по лизгачкиот старт на Нордвеит заврши на тревата, па судијата покажа на белата точка.
Сепак, на успорената снимка јасно се гледа дека воопшто не беше пенал, туку само глума на играчот на Баерн. Но, она што многумина ги чуди е фактот дека судијата не сакаше да користи вар затоа што беше сигурен дека играчот на Хофенхајм направи пенал, но на снимката јасно се гледа дека тоа беше грешка која скапо ги чинеше гостите.
— Billy (@Billyinho7) August 24, 2018