Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Среќно момци, сакаме победа-македонските репрезентативци полетаа за Ереван

По утринскиот тренинг, македонската фудбалска репрезентација попладнево од скопскиот аеродром полета за Ереван. Таму ги очекува дуел со Ерменија, кој ќе се одигра на 11-ти во 17:00 часот. Со победа секако ќе се задржат шансите за второто место и евентуален бараж за пласман на СП во Катар 2022, но мора да се додаде дека потребна е победа и со Исланд, а потоа и разврска на останатите мечеви, пред се на Романија која во моментов има 13 бодови, а Македонија е на третото место со 12 бодови.