Фудбал
ВИДЕО: Сцена која ги дефинира фудбалските емоции – Расплаканиот Нејмар рони солзи и го бара Меси
Тркалото на среќата се сврте. Лионел Меси конечно чекаше да слави еден трофеј со Аргентина.
„Гаучосите“ го совладаа Бразил со 1:0 во финалето на Копа Америка. Прекрасниот погодок на Анхел Ди Марија од првото полувреме реши се кога го лобуваше Едерсон.
Ривалството помеѓу Аргентина и Бразил е меѓу најголемите во светот и секој пораз од најголемиот ривал е многу болен, како што беше и синоќа.
Нејмар, најголемата суперзвезда на репрезентацијата на Бразил, пушти солзи по последниот судиски свиреж. Емоциите едноставно го совладаа.
И наместо да бара утеха во неговиот табор, тој се упати кон Аргентинците во потрага по неговиот пријател и поранешен соиграч од Барселона, Лео Меси.
Messi took a moment to console Neymar during the celebrations ?
(via @esport3) pic.twitter.com/ONwC3cCV27
— ESPN FC (@ESPNFC) July 11, 2021
Кога Меси го виде, веднаш тргна кон него, цврсто го прегрна и рече неколку утешни зборови. Тој дури го заштити со рака за да не се судри со Аргентинците кои слават.
Приказната доби продолжение во тунелот на култната Маракана каде Меси и Нејмар седеа некое време на скалите и очигледно најдоа време и простор да се пошегуваат со оглед на насмевката на нивните лица.
Messi?? & Neymar?? after the match. True friendship ❤#CopaAmérica pic.twitter.com/s6HubcDkh1
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) July 11, 2021
На теренот на култниот стадион се водеше вистинска мала фудбалска војна, што се очекуваше со оглед на ривалите и влоговите. Беше многу напнато, а на крајот Аргентинците го пречекаа првиот трофеј во ерата на Меси.
Околу 45 милиони Аргентинци започнаа да слават и дома и ширум светот, а во Бразил следува повеќенеделна жалост.