Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сцена од „Ел Класико“ која го шокираше светот-Лионел Меси се тресе

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во Ел Класико. Одличен меч беше ова, со три голови, стативи погодени на двете страни, шанси…Но, снимката која го обиколи светот е моментот кога Лионел Меси беше снимен како стои во еден момент и се тресе.

Многумина помислија дека нешто не е во ред со Аргентинецот. Сепак, станува збор за временските услови, кои не беа баш идеални. Дуваше силен ветер, врнеше дожд, температурата беше ниска, а тоа секако остави трага врз Меси.

Малку подоцна од овој момент Меси беше снимен како го менува дресот, односно облекува сув дрес со цел да се згрее.