Фудбал
ВИДЕО: Сцените од натпреварот Данска-Финска се повторија синоќа во Франција
Крилото на Бордо, Самуел Калу колабираше на почетокот на натпреварот против Марсеј.
Марсеј и Бордо синоќа се натпреваруваа во 2. коло од француската Лига 1, а веќе во петтата минута Калу колабираше, застана на нозе, кратко дури и играше, но потоа беше заменет. Тој беше пречекан со аплауз од Веледром.
Вистинската причина за падот на Калу не е позната, но ова не е првпат да се урне на теренот. Истото му се случи во 2019 година за време на тренингот на репрезентацијата на Нигерија за Африканскиот куп на нации. Тогаш дехидрацијата беше наведена како причина за колапсот.
„Веднаш помислив што се случи на ЕП 2020 кога Кристијан Ериксен падна на теренот. Заедно со медицинскиот персонал одлучивме да го смениме за да не ризикуваме. Во такви ситуации, фудбалот оди во втор план. Калу ќе помине детален преглед во понеделник“, рече Владимир Петковиќ, тренерот на Бордо по натпреварот.
Резултатот отиде во втор план, но за оние кои можеби не знаат, натпреварот Марсеј – Бордо заврши со резултат 2:2.
Kalu just collapsed on the pitch at Marseille. Looked bad. Two minutes later he just got up and walked off. No stretcher, no substitution, just a splash of water. Then jogged back on to play again. pic.twitter.com/TI5TNsyKgS
— Arsène's Son ? (@hughwizzy) August 15, 2021
Samuel Kalu collapsed five minutes into Bordeaux's clash with Marseille tonight. He was back on his feet moments later before he got subbed off.
Wish you quick recovery, Sam ? pic.twitter.com/qyFeore7BW
— Soar Super Eagles (@SSE_NGA) August 15, 2021