Тајмаут
ВИДЕО: Суслина и Лејно во топ пет најдобри одбрани во ЛШ
Ина Суслина и Амандин Лејно се најдоа во престижниот избор на ЕХФ за најдобри одбрани во Лигата на шампионите. Голманките на ЖРК Вардар се најдоа на втората, односно четвртата позиција.
Суслина ја направи втората најдобра интервенција за сезоната при гостувањето кај дански Митјиланд во првиот четвртфинален натпревар.
Одбраната на Лејно пак е остварена на гостински терен кај француски Мец во главната фаза.
„Црвено-црните“ веќе пристигнаа во Будимпешта, каде утре ќе ги одмерат силите со Ростов Дон во полуфиналето од Ф4 турнирот.