Кошарка
ВИДЕО: Тажната судбина на голем талент и прв НБА пик на драфтот во 2007-ма
Грег Оден, прв пик од НБА драфтот во 2007-ма година не игра кошарка веќе неколку години наназад, иако има 32 години. Центарот од Универзитетот Бафало требаше да биде еден од најдобрите кошаркари во светот, поради тоа, воедно во 2007-ма година беше биран пред Кевин Дурент. Сепак, честите повреди го сторија своето, па го спречија да го покаже целосниот потенцијал.
Професионалната кариера Оден ја започна во Портланд во сезоната 2008/09, бидејќи претходната ја пропушти поради повреди.
Одиграл 61 меч и просечно бележеше девет поени и седум скокови. Следната сезона настапи само 21 пат , со просек 11 поени и 8,5 скокови, а останатиот дел го скокна, како и целата 2010/2011 сезона. Проблемите со коленото постојано го следеа. Ниту еден меч не одигра и во 2012/2013, а кариерата се обиде да ја оживее во Мајами следната година.
Тоа беше неуспешен обид пред шест години, поточно кога имаше 27 години. Тогаш и ја заврши НБА кариерата.
Оден, сега води повлечен живот, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како на улица му приоѓа една постара госпоѓа и го прашува дали е НБА играч, а тој и одговара. Некогаш бев.
Greg Oden ?
(? @AhnFireDigital) pic.twitter.com/YKV133ODNB
— NBA Central (@TheNBACentral) July 17, 2020