Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тепачка на пријателки меч помеѓу два македонски клуба

Во изминатиот период на фудбалските терени низ Македонија се играат пријателски мечеви, како подготовка за новата сезона. Еден од нив е дуелот Силекс-Борец, кој се одигра во Кратово, а кој го добија кратовчани со 2:0.

Сепак, мечот го одбележа инцидент, односно тепачка во која учествуваа повеќе фудбалери на двата тима. Сето ова кулминираше поради остриот старт крај аут линијата. За кусо време и резервните фудбалери и стручниот штаб се најде на теренот, како и судиите, па страстите за среќа се смирија. Се заврши само на неколку удари и влечења.