Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тер Штеген се скара со момчето кое ги собираше топките на полувреме, а потоа судијата мораше да реагира

Фудбалерите на Барселона синоќа беа поразени на гостувањето кај Севилја со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот

Каталонскиот клуб не ја обезбеди најдобрата игра синоќа, па пропушти неколку одлични шанси, а Севиља на крајот ги казни строго и да дојде до победа од 2:0.

Но, еден од деталите што го обележаа натпреварот се случи кога судијата Матеу Лахоз го означи крајот на првото полувреме.

Тогаш Тер Штеген се сврте и имаше што да му каже на собирачот на топки кој дофрлуваше и го провоцираше Германецот во текот на првото полувреме.

Голманот на Барселона му рече дека мора да биде потивок, а тој одговори: „Нема да замолчам, шампион“. Лахоз ја виде дискусијата и му рече на Тер Штеген да оди во соблекувалната и тој ќе го стори тоа.

Судијата Лахоз разговараше со ова момче кое вети дека повеќе нема да ги провоцира голманот и играчите на Барселона.