Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тешки казни за хаосот во Ница

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 строго ги казни актерите на немирите од натпреварот Ница – Марсеј.

Дуелот од 3.коло на францускиот шампионат, кој се одигра на 22 август, беше прекинат во 74. минута по вистинскиот хаос предизвикан од навивачите на Ница.

Го удрија фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје со шише во грбот, а настана вистински хаос кога возврати со фрлање на шишето на трибините.

Фановите потоа ја прескокнаа оградата и тргнаа да ги подмират сметките со Паје. Се вклучија и другите играчи и имаше големи немири поради кои натпреварот беше прекинат.

Дисциплинската комисија на француската лига донесе строги казни, а најлошо помина домаќинот – тимот на Ница.

На Ница и беа одземени два бода, следните три натпревари ќе се играат пред празни трибини и играта ќе се повтори на неутрален терен.

Физиотерапевтот од Марсеј, Пабло Фернандез, кој беше снимен како удира навивач, беше суспендиран до крајот на сезоната, а казнети се и играчите на Марсеј, Димитри Паје и Алваро Гонзалес.

Паје доби суспензија од еден натпревар, а неговиот соиграч Алваро Гонзалес ќе паузира два натпревари бидејќи се докажа дека ги испровоцира домашните навивачи.

Ница, сепак, на крајот помина најлоѓо. Останаа без два бода, а во натпреварот кој беше прекинат, имаа водство од 1-0.