Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тотенхем губи од кого стигне, а Мурињо вели-Не сме во криза

Жозе Мурињо стигна до 50 натпревари на клупата на Тотенхем. Тој го има најлошиот скор откако стана тренер. Забележа најмалку поени (95) на 50 мечеви колку што го предводи Тотенхем во однос на сите претходни клубови кои ги предводел. Иако неговиот тим игра многу лошо, губи од кого стигне, сепак Мурињо вели не се во криза.

– Јас не гледам дека некој друг ги има методите кои ги имам јас. Кога тимот се бори до последната секунда нема криза. Можам да кажам дека станува збор само за лоши резултати, вели Мурињо.