Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Црвениот картон на Ибрахимовиќ веројатно е недоразбирање?!

Милан вчера ја совлада Парма со 3:1 како гостин, но во 60-та минута Златан Ибрахимовиќ доби црвен картон. Сите беа зачудени, а на Швеѓанецот не му беше јасно ништо. Но, судијата Мареска не се двоумеше и го испрати во соблекувалните.

„Скај Спорт Италија“ денеска пишува дека најверојатно црвениот картон е недоразбирање. Имено, меѓу Ибра и судијата имало конверзација. Наводно Ибрахимовиќ му рекол на Мареска: Значи не се грижиш за тоа што сакам да го кажам? Тоа е малку чудно…

Но, според „Скај Спорт Италија“, судијата  Мареска најверојатно помислил дека Ибра го нарекува копиле, па поради тоа му покажал директен црвен картон. Се разбира ќе има истраќа и ќе се види што точно се случувало.