Фудбал
ВИДЕО: УЕФА им се закани на Англичаните со строга казна доколку ги провоцираат Германците со една песна
Групната фаза на ЕУРО е зад нас. Нè чека нокаут фаза, која носи неколку интересни натпревари.
Во осминафиналето се среќаваат Велс-Данска, Италија-Австрија, Холандија-Чешка, Белгија-Португалија, Хрватска-Шпанија, Франција-Швајцарија, Англија-Германија и Шведска-Украина и нема сомнеж дека овој претпоследниот е можеби најинтересниот пар.
Англиската фудбалска асоцијација со право е загрижена пред овој натпревар, не толку поради Германија како противник, туку поради нејзините симпатизери.
Имено, на адресата на куќата на англискиот фудбал пристигнало писмо од УЕФА, во кое се предупредуваат дека нивните фанови не треба да ја пеат песната „10 германски бомбардери“.
Песната е поврзана со воените настани во Втората светска војна, на кои УЕФА остро се спротивставува.
Песната се однесува на германските борбени авиони, кои беа соборени од членови на британската кралска авијација за време на војната.
Водечките луѓе на Англиската фудбалска асоцијација уште еднаш љубезно ги замолија своите навивачи да се воздржат од пеење на споменатата песна, која Англичаните ја пееја на германските улици за време на Светското првенство во 2006 година што се одржа во таа земја.
“Ние секогаш ги охрабруваме нашите навивачи да го поддржуваат тимот само на позитивен начин, за време и по натпреварот. Нека оваа порака биде уште едно предупредување. Ние строго ќе го санкционираме секое дискриминаторско однесување или непочитување и ќе ги преземеме сите мерки за натпревар на ова Европско првенство, играњето во Англија ќе биде безбедно и пријатно искуство за сите “, рекоа тие.
Натпреварот помеѓу Англија и Германија е закажан за вторник, 29 јуни од 18 часот на стадионот „Вембли“.