Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Урнебесно, судијата на мечот Манчестер Сити – Борусија Дортмунд, побара автограм од Халанд, а тој се потпиша на жолтиот и црвениот картон

Не сме навикнати на вакви ситуации. Судиите треба да бидат големи професионалци, а и кога се големи фанови на некој клуб или фудбалер мора да реагираат професионално, особено кога се делегирани да ја делат правдата на истиот меч. Сепак, помошниот судија на мечот Манчестер Сити – Борусија Дортмунд (2:1) од четвртфиналето од ЛШ не можеше да издржи. По мечот, во тунелот асистенто Октавијан Чаувр побара автограм од Ерлинг Халанд. Секако, младата ѕвезда му се потпиша на жолтиот и црвениот картон.

На УЕФА сигурно ова нема да и се допадне, бидејќи вакво нешто не е дозволено.