Други спортови
(ВИДЕО) УЖАС ВО САД: Поранешни одбојкарки загинаа во сообраќајна несреќа
Две поранешни одбојкарки заедно со своите ќерки загинаа во сообраќајна несреќа во сојузната држава Мисури, јавуваат медиумите во САД.
Станува збор за Лесли Друри Пратер (40) и Кери Уртон Меки (44) кои одеа на турнир во Канзас сити со своите ќерки Рајан (12) и Кејси (12).
Од силината на ударот автомобилот се превртел, а сите четири лица загинале на лице место.
Извор: Слободен печат