Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ваква бруталност на фудбалскиот терен не се памети – Со лактот го смени личниот опис на противникот

Тајландскиот фудбалер Аицарет Ноичаибун доби отказ од ФК Бангкок откако на вчерашниот натпревар брутално го нокаутира противничкиот фудбалер Супасан Руангсуфанимит од Северен Бангкок.

На крајот од натпреварот Руангсуфанимит го закачи Ноичаибун на аут линијата, но тој целосно полуде и реши жестоко да реагира.

Тој му пришол на противникот и потоа брутално го нокаутирал со лактот, а несреќното момче паднало во крв на теренот. Ноичаибун доби црвен картон, а потоа тимот го отпушти.

„ФК Бангкок сака да се огради од таквите постапки. Веднаш го раскинавме договорот со фудбалерот и сакаме да нагласиме дека ни е жал за инцидентот. Ќе направиме се за да не се повтори тоа никогаш“.

Повредениот фудбалер заврши во болница. Се здобил со тешка повреда и биле потребни 24 конци за да се сошие раната.

„Тој отиде на лекарски преглед откако беше намерно нападнат од противнички играч. Докторот откри дека пределот околу горната усна има неколку отворени рани. За шиење на раната беа потребни 24 конци. Клубот ќе се погрижи за сите трошоци и ќе ги преземе акција против одговорен фудбалер“, соопштија од клубот Сверен Бангкок.

Погледнете ја оваа навистина неверојатна сцена и брутален нокаут за кој нема место на фудбалскиот терен.