Фудбал
ВИДЕО: ВАР му поништи два гола на Челзи – ѓаволско славје на „Стемфорд Бриџ“
Манчестер јунајтед стигна до многу важна 2:0 победа на гостувањето кај Челси. Со головите на Марсијал и Мегваер, екипата на Манчестер Јунајтер славеше во дерби пресметката против Челси со 0-2, во рамки на 26. коло во Премиер лигата.
Ова исто така е и трета победа во меѓусебните дуели со Челси на „ѓаволите“ оваа сезона – по 4:0 триумфот на стартот на сезоната и 2:1 победата на гости во ФА купот.
Манчестер Јунајтед има 38 бода и се наоѓа на 7. позиција, додека Челзи остана на 4. место со 41 освоен бод.