Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Винисиус го предизвикува Столе Димитриевски „на дуел“ по мечот

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, се скарал со голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски на натпреварот помеѓу двата тима синоќа. Натпреварот заврши нерешено без голови и ги тргна „белите“ од врвот во Шпанија.

Судирот се случил на почетокот на додаденото време, кога Бразилецот му пришол на Столе и лесно го турнал со раце, а тој паднал на земја. Судијата Мартинез Мунуера му покажа жолт картон на македонскиот голман, а Винисиус, кој веќе имаше жолт картон, не беше исклучен поради неговите постапки.

„Јас и ти излеземе, ајде да излеземе!“, му порача ѕвездата на Реал на Столе. Зборовите на Бразилецот беа пренесени во етерот на „Мовистар+“.