Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Во ноќта на прославата во Торино, сите го заборавија засрамувачкото промашување на Гонзало Игуаин

Синоќа Јувентус успеа да ја освои титулата на италијанскиот шампион по деветти пат по ред.

Клубот од Торино синоќа ја совлада Сампдорија со 2:0 на домашен терен и теоретски ја обезбеди нова титула.

Јувентус навистина не блескаше оваа сезона, но сепак успеаја да ја освојат титулата. Но, во август ќе имаат само една цел, а тоа е да ја освојат Лигата на шампионите на што долго чекаат во овој клуб.

Старата дама беше предводена до титулата од Кристијано Роналдо, кој на 32 натпревари постигна дури 31 погодок во Серија А. Хит на Твитер е еден детаљ од синоќешниот натпревар, а Гонзало Игуаин беше во центарот на вниманието.

Роналдо асистираше за Аргентинецот кој шутираше очајно од десет метри.

„Кристијано Роналдо ја освои лигата со вакви играчи“, изјави еден од навивачите на Твитер.

loading...

Facebook