Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Волеј во главата, но како ништо да не се случи

Фудбалерот на Саутемптон, Че Адамс може да биде многу среќен што помина без сериозна повреда на дуелот против Вест Хем.

Напаѓачот на „светците“ доби волеј во глава од дефанзивецот на Вест Хем, Крег Доусон, за време на гужвата во казнениот простор на неговиот тим.

Досон влезе во позиција да шутира кон голот, Адамс беше на земја, ја крена главата и копачката заврши во неговата глава.

За среќа, тој помина без сериозна повреда, но немаше санкции за опасната игра.