Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Запознајте го Дени Мусовски новиот напаѓач на македонската репрезентација

Дени Мусовски (24) има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година.

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.


Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.

Тој  прифати да игра за македонската репрезентација и ќе биде повикан за ноемвриските натпревари на нашиот најдобар национален тим.

Доколку административно се помине во најдобар ред и навреме во однос на неговиот македонски пасош (неговите родители имаат македонски пасош), тогаш Муковски би бил во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација.



 

Advertisement

Facebook

Реклама