Фудбал
ВИДЕО: Жозе Мурињо со прогноза за осминафиналето на Светското
Жозе Мурињо ја даде својата прогноза за групната фаза на Светското првенство. Португалецот јасно вели дека навива за своите и дека очекува успех, но смета дека тие не би можеле да бидат пред Шпанците во групата Б, иако се очекува дека двете репрезентации лесно ќе се справат против Мароко и Иран.
Во групата А, Мурињо смета дека Уругвај имаше најдобар тим, дека Саудиска Арабија нема шанси, а домаќинот Русија дека е во предност во однос на Египет.
– Франција нема да имаат проблем во групата Ц, но мало изненадување е дека Австралијците ќе завршат пред Перу, и особено Данска, која се уште важи за фаворит за премин во следната рунда, вели тој.
Мурињо во групата Д ги смета Аргентинците за апсолутен фаворит е Аргентина.
Во групата Е,според него, Бразил и Швајцарија одат напред, додека Србија останува аут од осминафиналето.
Во групата Ф, Германија и Мексико се пред Шведска и Кореја.
Во групата Г, Мурињо им дава приоритет на Англичаните пред Белгијците, додека Панама и Тунис не се конкуренција.
Мурињо смета дека Сенегал ќе биде подобар од Полска, но изненадувањето е дека Колумбија нема да оди во следната фаза ниту Јапонија
Паровите за осминафиналето, според Жозе Мурињо ќе бидат:
Франција – Нигерија
Германија – Швајцарија
Уругвај – Португалија
Шпанија – Русија
Аргентина – Австралија
Бразил – Мексико
Англија – Полска
Белгија – Сенегал