Фудбал
ВИДЕО: Златен гол од пенал, Осасуна ги закова Еспањол за дното
Осасуна впишаа значајни три бода во директниот дуел за гол прволигашки живот со Еспањол на стадионот „Ел Садар“ во Памплона. Роберто Торес го постигна единствениот гол н мечот од пенал во 51 минута.
Со овие три бода Осасуна е се поблиску до безбедната зона и „плови“ кон средината на табелата, а Еспањол останува закован на дното со само 20 освоени бодови. Попладнево и вечерва се играат преостанатите четири натпревари од 27. коло.