Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Ѕверот“ на Вулфси за 8 секунди претрча цел терен и изнуди пенал

Вулверхемптон е елиминиран во четвртфиналето во ЛЕ од Севиља, која славеше со 1:0. Но, исходот и резултатот можеа да бидат поинакви доколку Хименес во 12-та минута погодеше од белата точка.

Ударот од 11-метри го изнуди Адама Траоре, „ѕверот“ на Вулфси, како што го нарекуваат поради неговите мускули и физичкиот изглед.

Тој во 12-та минута повлече контра напад на својот тим, а за осум секунди го претрча целиот терен и на крајот беше соборен во шеснаесетникот на Севиља. Сепак, овој негов продор не беше награден со гол од страна на Хименес.