Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ѕвездата на Јунајтед се скара со навивач – „Па, не сум на теренот“

Манчестер Јунајтед вечерва беше понижен од Ливерпул во најголемото англиско фудбалско дерби.

„Црвените ѓаволи“ беа декласирани со 5:0 на Театарот на соништата, а веќе на полувремето „црвените“ имаа водство од четири гола.

Џеси Лингард не доби шанса да настапи на овој натпревар.

Незадоволните навивачи на Јунајтед му дофрлуваа на Лингард од трибините, а тој сосема искрено им одговори.

„Па, не сум на теренот“, му рекол Лингард на навивачот на Јунајтед кој го навредувал.

Одличниот фудбалер не доби премногу простор за игра од Солскјаер. Најмногу добиваше шанса од клупата, а на седумте одиграни натпревари собра 146 минути.

Тоа беше доволно за да постигне два гола и да забележи една асистенција, што секако е многу добар учинок.