Connect with us

Фудбал

Видовте ли каков гол „падна“ во Премиер лигата? Сигурно ќе конкурира за најдобар во сезоната (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од саботната програма од 14. коло на англискиот фудбалски шампионат, Лестер Сити го совлада Евертон со 2-0 (1-0) како гостин на „Гудисон Парк“.

Тилеманс (45) ги доведе гостите во водство со спектакуларен гол од преку 20 метри во финишот на првото полувреме, а Барнс (86) со додавање на Медисон ја потврди победата.

Голот на Тилеманс за 1:0 речиси сигурно ќе конкурира за најубава сезонава во Премиер лигата.